1.инструментариум: (лат. Instrumentarium) збирка разни инструменти што се употребуваат при некоја работа или што служат за иста цел.
2. инструменталист: (лат. instrumentum) 1. свирач на некој инструмент; 2. приврзаник на инструментализмот.
3. инструментација: (лат. instrumentatio) 1. дотерување на музичка композиција за изведување на повеќе инструменти или во оркестар; 2. дотерување на пијанистичка или на некоја друга композиција за други инструменти; 3. оркестрација; 4. наука за опсегот, карактерот и техничките особини на одделни музички инструменти; 5. употреба, примена на инструменти воопшто.
4. инструментална музика: музика што се изведува со музички инструменти (за разлика од вокалната музика пеењето).
No comments:
Post a Comment